Совет

Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на Општината.

За разгледување на прашања и утврдување предлози од одредена област, Советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии, а составот и начинот на изборот на членовите на комисиите се уредуваат со Статутот и нивниот состав соодведствува на пропорцијоналната застапеност на политичките партии во Советот.

Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Изборот на членовите на Советот се уредува со Закон. Бројот на членовите на Советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во Општината и не може да биде помал од 9 (девет) члена ниту поголем од 33 (триесет и три ) члена.

Советот на Општина Пехчево го сочинуваат 11 (единаесет) членови на Советот во согласност со бројот на жителите во Општината.

Членовите на Советот се избираат за време од четири години.

Членовите на Советот ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по свое уверување. Членот на Советот не може да биде отповикан.

Советот избира председател од редот на членовите на Советот со мандат од четири години.

Претседателот на Советот ги има следните обврски: Ги свикува и раководи со Седниците на Советот, се грижи за организацијата и работата на Советот, ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од три дена од денот на нивното донесување ги доставува на градоначалникот заради објавување.

 СПИСОК НА СОВЕТНИЦИ ОД ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ПО НАЦИОНАЛНА И ПАРТИСКА ПРИПАДНОСТ

Реден број

Име и презиме

Партиска припадност

Национална припадност

1

Стојче Стефановски

 

Коалиција за Подобра Македонија

Македонец

2

Трајан Цековски

 

Коалиција за Подобра Македонија

Македонец

3

Софче Клетничка

 

Коалиција за Подобра Македонија

Македонка

4

Дениз Шамкаров

 

Коалиција за Подобра Македонија

Турска националност

5

Сузана Секуловска

 

Коалиција за Подобра Македонија

Македонка

6

Митко Мицевски

 

Коалиција за Подобра Македонија

Македонец

7

Добрила Јовевска

 

Коалиција Сојуз за иднината

Македонец

8

Љупчо Костадинов

 

Коалиција Сојуз за иднината

Македонец

9

Славчо Пандурски

 

Коалиција Сојуз за иднината

Македонец

10

Спаско Ингилизов

 

Коалиција Сојуз за иднината

Македонец

11

Борис Капушевски

 

Независен

Македонец

 


Општина Пехчево © 2013 - Сите права се задржани.

Изработил Сашко Павловски