Образование

Школа

Општинско основно училиште ,, Ванчо Китанов ,, во Пехчево својата образовно – воспитна дејност ја започнува по ослободувањето – есента во 1944 година, прво во просториите на поранешната касарна, потоа во стариот училишен објект. Во наредните години и децении училиштето растело и се развивало во секој поглед. Училиштето има 24 училници кои се опремени со компјутер за секое дете, шест кабинети по : информатика, биологија, физика, хемија, ликовно и по музичко образование и една работилница по техничко образование. Училиштето одржува и училишна библиотека со фонд од 7600 наслови од лектирни изданија, стручна, уметничка и друга литература. Денес во составот на ОУ ,, Ванчо Китанов ,, во Пехчево работат и пет подрачни училишта во селата : Црник, Панчарево, Робово, Умлена и Чифлик.

Во ОУ ,, Ванчо Китанов ,, – Пехчево 2008/09 започна реализација на проектот на Владата на Република Македонија за задолжително средно образование,така што почнувајќи од 2008/09 година,настава се изведува и за средно гимназиско образование во 6 дисперзирани паралелки на Средното општинско училиште – Гимназија Ацо Русковски во Берово.

Ул.,,Даме Груев,,бр.1

Тел: 033/441-126

Факс: 033/441-126

E-mail: vanco.kitanov@yahoo.com

Директор: Ванчо Сивевски

Извештај од самоевалуација учебна 2014/2015 г.   пдф

Годишна програма за работа на ООУ Ванчо Китанов 2017-2018 пдф

САМОЕВАЛУАЦИЈА 2016-2017 пдф

 

градинка

Општинската јавна установа – Детската градинка ,,Јане Сандански,, во Пехчево е основана во 1977 година.Нејзиното основање е одговор на нараснатите потреби за организирано институционално згрижување и воспитание на предучилишните деца.

Почетокот е скромен со мал број вработен стручен и помошен персонал.Меѓутоа интересот за сместување на децата брзо растеше,па така се зголемуваше и приемот на воспитен и административно техничкиот состав.

Условите за работа и за постигнување на поквалитетно згрижување и поквалитетна воспитно-образовна дејност битно се подобрија со изградбата на новиот наменски објект: Општинската јавна установа – Детската градинка ,,Седми септември,, во Пехчево која успешно функционира повеќе од три децении.

Детската градинка ,,Седми септември,, во Пехчево негува постојана консултативна и друга успешна соработка Општината,Министерство за труд и социјална политика и со јавните институции во Општината – Пехчево: Основното училиште ,,Ванчо Китанов,, Народната библиотека ,,Кочо Рацин,, Домот на културата ,,Јане Сандански,, и други како и со не4владини асоцијации и стопански субјекти.Доста време и труд се посветува на соработката со други детски градинки во регионот и во државата ( Берово,Делчево,Виница и др.) а исто така и со соодветни установи во други земји: детска градинка ,,Индира Ганди,, од Правец – Република Бугарија.

Градинката мошне грижливо работи на детското ангажирање во културно – забавниот живот,преку кое развиваме и остваруваме различни интелектуални,емоционални и особено социјални чувства и однесување.Во тој поглед важна воспитно – образовна улога има Игротеката,во која се одржуваат и роденденски прослави.

Традиционални приредби во детската градинка се: Априлијада,Новогодишна бајка,Недела на детето и др.на кои присуствуваат и родителите.

Ул.,,Даме Груев,, бб

Тел: 033/441-331

Факс: 033/441-331

e-mail: detskagradinkapehcevo@yahoo.com

Директор: Гордана Вазлиска

Општина Пехчево © 2013 - Сите права се задржани.

Изработил Сашко Павловски