Почви

Природните разновидности условиле појава и застапеност на повеќе почвени типови во општината Пехчево. Според деталната почвена карта на Малеш и Пијанец (Филиповски и др. 1985), најраспространети почви во општината Пехчево се ранкерите кои зафаќаат дури 33%. Тие се јавуваат на повисоките делови на Влаина и Малешевски Планини и главно се под пасишна вегетација. Обично се плитки, често еродирани и со не многу голема количина на хумус. Камбисолите или кафеавите шумски почви зафаќаат околу 35% од општината и главно се распространети во густите шумовити планински подрачја. Соджат значително количество на органска материја (хумус) настанат со распаѓање на делови од дрвенестите видови. Значајно е да се напомене дека површината под слабо развиени почви, регосоли и литосоли е релативно голема и изнесува околу 12%. Нивното создавање е последица на претераната ерозија, а еродираниот материјал се таложи во подножјето и често врз него се формираат колувијални почви. Во обработливите површини доминираат нешто поплодни почви и тоа вертисоли, лувисоли и флувисоли. Тие се погодни за одгледување на житни култури, овоштарници, нивски и градинарски култури. Од предходно наведеното произлегува дека општината Пехчево располага со поквалитетни почви во шумските, особено осојни терени, додека останатите подрачја имаат деградирани, еродирани, делумно однесени или значително осиромашени почви. Со одредени превентивни мерки би можело да се запре процесот на осиро-машување на почвите па дури и да дојде до подобрување на нивниот квалитет.

31-POCVI

Педолошка карта на општината Пехчево (Според Филиповски и др., 1985)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Структура на почвите во општината Пехчево, според површината

Почвен тип

Површина

Пов. km2

Пов. %

Ранкери

69.05

33.12

Камбисоли

48.62

23.32

Хромичен камбисол

20.80

9.98

Ранкер+регосол+литосол

19.86

9.53

Хромичен камбисол+регосол

15.50

7.43

Регосоли

12.71

6.09

Вертисоли

10.48

5.02

Лувисоли

3.51

1.68

Флувисол

2.88

1.38

Ранкер+регосол

2.64

1.27

Колувијални

2.39

1.14

Други

0.07

0.03

Вкупно

208.50

100.00

 

Општина Пехчево © 2013 - Сите права се задржани.

Изработил Сашко Павловски