Клима

1. Осончување; директно сончево зрачење

Присојната поставеност на територијата на општина Пехчево, условува релативно долго просечно осончување кое изнесува околу 2400 часа во текот на годината. Тоа е нешто повеќе од она во Беровско (2347 часа) и во Делчевско (2304 часа). Воедно, надморската височина условува значителен интензитет на сончево зрачење, особено во текот на летниот дел од годината. Сето тоа овозможува користење на сончевата енергија како алтернативен извор на енергија.

11-SONCHEV-ZRACHE

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2. Температура на воздухот 

Според просечната температура на воздухот во мерните места Берово (9,0ºС) и Делчево (10,6ºС) и интерполацијата за просторот на општина Пехчево (9,4ºС), овој дел спаѓа во умерено студени континентални региони. Апсолутните најниски температури може да се спуштат до -26ºС (во Берово и до -31ºС) што е меѓу најниските вредности во Република Македонија. Во летниот период пак, максималните температури може да се искачат до дури 38ºС, така што температурната амплитуда достигнува речиси 70ºС.

13-TEMPERATURI

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Просечни месечни и годишни температури за мерните станици Берово (824 m), Делчево (630 m) и интерполирани за Пехчево (1000 m).

Место    јан.    феб.    мар.    апр.     мај     јун.     јул.     авг.     сеп.     окт.     ное.     дек.     год.
Берово

-1.0

0.6

2.9

8.5

13.1

16.6

18.8

18.8

14.5

9.1

5.4

1.5

9.0

Делчево

0.0

1.9

5.3

10.2

15.2

18.7

20.6

20.3

16.0

10.7

6.3

1.8

10.6

Пехчево

-0.8

0.9

3.5

8.9

13.6

17.1

19.3

19.2

14.9

9.5

5.6

1.6

9.4

Извор: Делчево: Лазаревски, 1993; Берово: ДЗС 2001-2012.

3. Врнежи

Просечната годишна сума на врнежи изнесува 681 mm, но во поедини години таа се менува во пошироки граници, од 815 mm во изразито врнежливата 1951 година, до само 446 mm во сушната 1977 година. Главниот максимум паѓа во мај, просечно 82 mm, а секундарниот во ноември, просечно 71 mm. Просечната годишна сума на врнежи изнесува 681 mm, но во поедини години таа се менува во пошироки граници, од 815 mm во изразито врнежливата 1951 година, до само 446 mm во сушната 1977 година. Главниот максимум паѓа во мај, просечно 82 mm, а секундарниот во ноември, просечно 71 mm. Просечната годишна сума на врнежи изнесува 681 mm, но во поедини години таа се менува во пошироки граници, од 815 mm во изразито врнежливата 1951 година, до само 446 mm во сушната 1977 година. Главниот максимум паѓа во мај, просечно 82 mm, а секундарниот во ноември, просечно 71 mm. Во просечната годишна сума на врнежи, снегот учествува со 15% и тој се јавува од октомври до мај. Просечно годишно има 42 дена со снежен покривач, со максимум во јануари 13,3, во февруари 11,3 и во декември 9,5 дена. Максималната височина на снежниот покривач изнесувала 61 cm и била забележана на 3 февруари 1962 година.

14-VRNEZI

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Просечни количества на врнежи за наведените мерни станици, поставени според надморската височина.

Место     јан.     феб.     мар.     апр.     мај     јун.     јул.     авг.     сеп.     окт.     ное.     дек.     год.
Црник

72

59

63

62

94

89

58

41

43

58

81

69

789

Пехчево

43

48

60

58

82

90

41

44

38

44

71

62

681

Берово

53

44

53

60

81

81

48

24

42

55

83

53

677

Тработив.

41

51

41

44

61

47

28

16

25

44

75

40

513

Делчево

40

37

39

46

66

58

45

42

36

50

65

43

570

Извор: Мавродиев, 1980; Лазаревски, 1993

4. Ветрови

Во Пехчево преовладуваат северниот и северозападниот ветер. Северниот е со зачестеност од околу 15% (147 промили), просечна годишна брзина 2.4 m/сек и максимална брзина од 19 m/сек. Овој ветар се јавува преку целата година со максимум во јануари, февруари и март. Северозападниот ветер е со просечна годишна зачестеност од 10% (103 промили), просечна годишна брзина од 2 m/сек и максимална брзина од 12,3 m/сек. Останатите ветрови, југоисточниот, југозападниот и јужниот се со приближно иста зачестеност од по околу 6% и максимална брзина до 23 m/сек.

Општина Пехчево © 2013 - Сите права се задржани.

Изработил Сашко Павловски