Пожари

Во општината Пехчево, шумите зафаќаат значителна површина и тоа повеќе од 50% од вкупната. Голем дел од шумите се претставени со четинарски видови кои се лесно запаливи, горливи и во кои при поволни временски услови, пожарите брзо се прошируваат. Во таа смисла особено се значајни високите температури кои во општината Пехчево, во текот на летото се искачуваат над 35°С. Покрај тоа, сушите се релативно чести и можат да траат повеќе од 20 дена. Наведените два фактора создаваат многу погодни услови за појава и ширење на пожари, особено во последно време како последица од глобалното затоплување. Затоа, во последните години, како што летата се потопли и посушни, зачестија појавите на шумски пожари на подрачјето или непосредната околина на општината Пехчево, а посебно беа изразени во 2007 и 2012 година. Пожарите на овие простори брзо се прошируваат под влијание на поволните ветрови, предизвикувајќи големи материјални штети, деградација на животната средина, а подоцна (по оголување на теренот) поплави, ерозија и др. Затоа во проектот е изготвен соодветен модел и сценарија на пожари. За изготвување на просторниот модел за ризик од пожари, користена е веќе  предходно постоечка и светски прифатена методологија (Ertan et al., 2004). Во неа како главни парaметри кои влијаат на појавата и ширењето на пожарите се земени наклоните на теренот, експозициите, типот на вегетацијата, оддалеченоста од патиштата и оддалеченоста од населбите.


71-RIZIK-POZARI

Карта на подрачја во општината Пехчево под ризик од шумски пожари. Најризични подрачја се шумските области со поголем наклон, јужна експозиција, блиску до населби и патишта.



Овде се изготвени и три сценарија за ризик од пожари при:

1. Tопло време (неколкудневен сув период со температури од 25-35 степени Целзиусови,

2. Tопло и сушно време (повеќедневен сув период со температури од 30-35 степени Целзиусови,

3. Mногу (екстремно) топло и сушно време (повеќе од 10 дена сушен период со температури над 35 степени Целзиусови.


Површини под ризик од шумски пожари во однос на временските услови.

Временски услови

Површина

km2

%

Топло време

21.0

10.1

Топло и сушно време

44.2

21.2

Мн. топло и суво време

74.7

35.8

Вкупно

208.5

100.0

73a-30 STEPENI

Подрачја под зголемен ризик од пожари во општината Пехчево при повеќедневен (над 5 дена) сушен период со максимални дневни температури од 25-35 степени Целзиусови.



73b-35 STEPENI

Подрачја под ризик од пожари во општината Пехчево при топло и сушно време (повеќедневен сув период со температури од 30-35 степени Целзиусови.

73c-40 STEPENI

Подрачја под ризик од пожари при многу (екстремно) топло и сушно време (повеќе од 10 дена сушен период со температури над 35 степени Целзиусови.



При сите три сценарија, под најголем ризик од пожари е подрачјето на надморска височина од 1000-1500 метри, особено во близина на селските населби, патиштата и патеките кои почесто се користат. Значајно е да се напомене дека освен што патиштата се земени во моделирањето како фактор за појава на пожари, тие се значајни и во одбраната од веќе појавените пожари, бидејќи може да овозможат брза достапност до одреден дел од шумските површини. Во таа смисла, должината на сите патишта и патеки во општината Пехчево изнесува 660 km, а на подобрите асфалтни, макадамски и шумски патишта 235 km што може да се смета за задоволително во однос на големината на општината. Некои површини под ризик од пожари се на тешко достапни терени со голем наклон, така што при евентуална појава на пожар, достапноста на специјални возила би била проблематична.

Општина Пехчево © 2013 - Сите права се задржани.

Изработил Сашко Павловски