Ерозија

Претераната или екцесивна ерозија која се јавува за вереме на поројни врнежи или нагло топење на снегот, претставува една од најтешките природни непогоди во општината Пехчево. Главни фактори за тоа се доминацијата на релативно неотпорни карпи, големите наклони на теренот, застапеноста на западни, југозападни и јужни (присојни) експозиции, антропогеното уништување на шумите и други несоодветни влијанија на човекот во средината (изградба на објекти, патишта, обработка на земјиште и сл.). Последица од претераната ерозија е нагло влошување на почвената структура, губење на почвите и хранливите материи во нив, појава на поплави и суши и создавање на соодветни (деструктивни) релјефни форми. Во однос на последното, на подрачјето на општина Пехчево се формирани бројни долчиња, долови, мелови, земјени пирамиди и други форми. Во долината на Виничка (Црничка) Река со претераната ерозија настанале десетина мелови со огромни димензии, а за сметка на нив, уништено е квалитетно земјиште и изгубен е корисен простор. Покрај тоа во сливот на Желевица и нејзините притоки, потоа во сливот на Умленска Река и Пехчевска Река се создадени многубројни длабоки долови кои сеуште се активни и од кои се изнесува значително количество на почвен и седиментен материјал.

55-RIZIK-EROZIJA

Модел-карта на просечен средногодишен ерозивен ризик на општина Пехчево, според коефициентот на ерозија Z.

56-VKUPNA-EROZIJA

Модел-карта на просечна средногодишна ерозија во општината Пехчево, изразена во м3/км2/годишно.

58-Erozija-Peh-Crnik

Подрачја со силен интензитет (висок ризик) на ерозија во централниот дел на општината Пехчево при врнежи од 30 мм/дневно

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сценарија за подрачја под висок ризик од ерозија, при различни дневни количества на врнежи

За да се согледа влијанието на врнежите врз ризикот од ерозија, изготвени се три сценарија и тоа за појави на дневни врнежи од 30 mm, 60 mm и 90 mm. Прикажа-ните површини се со специфична продукција на нанос поголема од 400 m3/km2 (0,4 mm почвен слој) што се смета за гранична вредност на средногодишна нормална ерозија. Резултатите се претставени на моделите подолу. Секако, најголем ризик и најпогодени подрачја се при високи количества на дневни врнежи или таканаречени долготрајни поројни врнежи.

57a-SCENARIO-EROZIJA-30mm

При врнежи од 30 мм дневно, обично мали површини од општина Пехчево се под повисок ризик од ерозија, особено во сливовите на Желевица, Пехчевска Река и на јушните падини на Бејаз Тепе.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

57b-SCENARIO-EROZIJA-60mm

При дневни врнежи од 60 мм (кои се јавуваат еднаш на неколку години), значителни површини од општината се под голем ерозивен ризик и под опасност од ерозија, поплави и затрупување од наноси.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

57c-SCENARIO-EROZIJA-90mm

При дневни врнежи од околу 90 мм (кои се јавуваат екстремно ретко), големи подрачја од општината можат да бидат под удар на силна ерозија со сите катастрофални последици од тоа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Површини во општина Пехчево зафатени со претерана ерозија при различни дневни количества на врнежи.

 

Дневни врнежи

Површина

km2

%

30 mm

4.0

1.9

60 mm

34.0

16.3

90 mm

66.4

31.8

Вкупно

208.5

100.0

Општина Пехчево © 2013 - Сите права се задржани.

Изработил Сашко Павловски